Израел најави дека наскоро ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Во следните неколку недели Израел ќе почне да дозволува дел од хуманитарната помош да влезе во Појасот Газа „за да се избегнат прекршувања на меѓународните прописи и можни правни проблеми за воените структури кои учествуваат во активните операции“, пишува порталот Ynet.

Loading...

Израел го суспендираше влегувањето на хуманитарната помош во Газа минатиот месец, откако Хамас одби да ја продолжи почетната фаза од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

– Во Газа нема глад или почеток на епидемија, но за околу 40-50 дена ќе дојдеме до ситуација магацините со храна да бидат празни. Минатата недела имаше инциденти кога жителите на окупираната палестинска енклава упаднаа во магацини со брашно и му го предадоа на Хамас – изјавија за Ynet неименувани безбедносни извори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху и Трамп денеска во Белата куќа