Израел изврши неколку ракетни напади од Голанската висорамнина врз цели во близина на Дамаск, при што беа повредени двајца војници и причинета материјална штета, објавија во четвртокот сириските државни медиуми, цитирајќи воен извор.
Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, рече изворот.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека тоа е петти израелски напад врз Сирија овој месец.
Израелските власти не сакаа да ја коментираат веста.
Сириските власти не прецизираа која била целта на нападот. Израел веќе неколку години напаѓа цели во Сирија за кои тврди дека се поврзани со Иран.
Опозициски извор со контакти на теренот изјави дека автомобил со проирански претставници бил погоден во близина на зградата на сириската безбедност во близина на областа Кафр Суса, југозападно од Дамаск.