Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара

Сподели со своите пријатели

Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара и размислува за отворање конзулат на таа територија, соопшти кралската палата на Мароко.

Loading...

Според извештаите, позицијата на Израел е изразена во писмото на премиерот Бенјамин Нетанјаху до кралот Мохамед Шести, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Ставот на Израел „ќе биде испратен до Обединетите нации, регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението на кралската палата.

Мароко ја смета Западна Сахара за своја територија

Досега 28 земји, главно африкански и арапски, отворија конзулати во Западна Сахара.

Мароко ја смета Западна Сахара за своја територија, но фронтот Полисарио, кој го поддржува Алжир, сака територијата да стане независна држава.

Во 2020 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп го призна авторитетот на Мароко над Западна Сахара, во замена за делумно подобрување на односите меѓу Тел Авив и Рабат.