Избори во делови на Сирија под контрола на Башар ал Асад

Сподели со своите пријатели

Сиријците денеска гласаат на парламентарни избори во делови од земјата кои се под контрола на владејачката партија на претседателот Башар ал Асад.

Loading...

Партијата Баас, која е на власт од 1963 година, и нејзините левичарски секуларни и арапски националистички сојузници речиси немаат опозиција, а единствена алтернатива се независните кандидати.

Повеќе од 1.500 кандидати се во трка за 250 места во парламентот.

Во областите контролирани од владата, Сиријците од 18 години и постари со лична карта можат да гласаат на околу 8.150 избирачки места.

Нема да се гласа на североистокот на земјата, кој е под контрола на курдските борци, како и во северозападната провинција Идлиб, која е под контрола на џихадистите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Стејт департмент откажа 6.000 студентски визи

Парламентарните избори во Сирија се одржуваат по четврти пат од почетокот на граѓанската војна во 2011 година.