Ивона: Се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската пејачка Ивона Јовановиќ, на социјалната мрежа Инстаграм одлучи да проговори за проблемите со кои се соочувала како девојка со „вишок килограми“.

Loading...

 

 

Ивона, која своевремено се натпреваруваше и во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, со своите следбеници сподели дека цели 24 години се покривала себе и својата индивидуалност и женственост.

 

 

Loading...

Како што вели, одлучила да стави крај на таквото размислување, дека се чувствува исклучително убаво и посакувано.

– Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично. Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години. И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш. Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така. Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе. Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање, напиша Ивона.

 

 

Таа позираше во тесен фустан за една онлајн кампања во која учествуваат повеќе девојки.

Никола Ивановски

Leave a Reply