Иван Серафимовски од Куманово со две први места од турнир во буткање со рака

Сподели со своите пријатели

Иван Серафимовски од Куманово освои две први места од Меѓународниот турнир „Kosovo summer armwrestling“ кој се одржа во Косовска Митровица.

Loading...

Серафимовски освои прво место во категоријата од 93 до 91 килограм, како и во апсолутна категорија.

Станува збор за турнир кој го организира Косовската федерација и Едон Морина на кој учествуваа над 70 натпреварувачи од повеќе држави.

Кумновецот Серафимовски прво место на истиот турнир освои и минатата година.

Никола Ивановски