Пратеничката во италијанскиот парламент Џилда Спортиело, која се бореше да им се дозволи на жените да дојат за време на парламентарните седници, стана првата жена што го стори тоа.
Аплаузи од сите страни избувнаа во собранието вчера кога Спортијелова, член на Претставничкиот дом, почна да го дои својот двомесечен син при гласањето на закон.
Во претходниот мандат таа успешно лобираше за усвојување на правило кое ќе им овозможи на жените да гласаат и да дебатираат додека дојат, додека бебињата не наполнат 12 месеци, пренесе АП.
Таа и таткото на бебето, Рикардо Рикардо, се пратеници од популистичкото Движење Пет ѕвезди.
Спортиело беше цитирана од весникот „Република“ како вели дека се надева дека нејзиниот пионерски чин ќе ги инспирира работодавците во Италија да им олеснат на вработените мајки да дојат на работа, доколку сакаат.
„Од денес па натаму, ако највисоките италијански институции дозволуваат работничките да дојат на своето работно место, тогаш на ниту една жена, во која било професија, не може да ѝ се ускрати ова право“, рече Спортиелова.
Gilda Sportiello, Deputata del Movimento 5 Stelle, stamani ha allattato suo figlio Federico in Parlamento.
Questa è stata la prima volta a cui un neonato è stato permesso l’accesso all’Aula di Montecitorio per stare con la mamma, grazie all’unanimità dei gruppi.
Evviva la… pic.twitter.com/UzzGqgDk92
— Iacopo Melio (@iacopo_melio) June 7, 2023