Во затворот во Горица, на североистокот на Италија, синоќа избувна бунт, а десетина лица, меѓу кои затвореници и чувари, се пренесени во болница поради труење со чад.
Loading...
Никој од нив не е во тешка состојба, пренесува Анса.
Бунтот настанал кога група затвореници ги запалиле душеците во ќелиите.
Затворските службеници веднаш повикале противпожарна служба, која пристигнала за неколку минути.
Во текот на ноќта состојбата во затворот постепено се нормализираше.