Испрекинатиот сон е полош од недоволното спиење

Сподели со своите пријатели

Испрекинатиот сон е многу полош од недоволниот сон, утврдиле научниците од медицинскиот факултет при универзитетот Џон хопкинс во Балтимор.

Loading...

Научниците проучувале 62 здрави мажи и жени кои биле изложени на различни услови за време на спуење. По случаен избор биле изложени на три ноќи со повеќекратно присилно будење, доцно легнување со што се создадени услови за испрекинат и недоволен сон.

Мерењето на нивото на добро и лошо расположени кај учесниците во истражувањето покажало дека припадницит ена двете групи биле подеднакво расположени по првата ноќ, додека кај оние со ипрекинат сон втората вечер, доброто расположение опаднало за 31% во однос на оние со недоволен сон 12%. При мерење на лошото расположение не се забележани значителни разлики.

Кога вашиот сон е поппречен целата ноќ немате можност да напредувате низ фазата на сонот на начин да добиете доволно долга споробранова фаза која е клучна во пружањето на чувство на обнова на телото – вели координаторот на проектот патрин Финан.

Финан додава дека истражувањето покажува дека негативните влијанија на испрекинатиот сон на позитивното расположение можат да бидат кумулативни.

Leave a Reply