Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 18.00 часот, во с. Младо Нагоричане мала „Травујаци“ – Куманово, жител на с.Младо Нагоричане во неговата нива, забележал безживотно женско тело.
Loading...
По преземени мерки идентификувано е телото и утврдено е дека се работи за Љиљана С.(68) која на 10.06.2015 година била пријавена за исчезната.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на ЈО и екипа на МВР. По наредба на ЈО телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Се претпоставува дека причина за смрт е удар на гром.