Исчезна авионот во кој се наоѓаше потпретседателот на Малави и уште девет лица

Сподели со своите пријатели

Авионот во кој се наоѓал потпретседателот на Малави Саулос Чилима и уште девет лица исчезнал, соопшти кабинетот на претседателот на таа африканска земја, пишува Ројтерс.

Loading...

„Авионот на одбранбените сили на Малави исчезна од радарот“ откако ја напушти областа Лилонгве, главниот град на Малави, се вели во соопштението.

Претседателот Лазарус Чаквера нареди да се започне операција за пребарување и спасување откако авијациските служби известија дека не можат да контактираат со авионот.

„Сите напори на воздухопловните власти да воспостават контакт со леталото откако беше надвор од радарот досега не успеаја“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Авионот со потпретседателот на Малави требало да слета на аеродромот Мзузу на северот на земјата.

Претседателот го откажа планираното патување на Бахамите поради инцидентот.