Интересни факти за „Југо“, симболот на СФРЈ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И додека Американците го исмеваа, Југословените со гордост го возеа.

Loading...

Ви пренесуваме 10 интересни факти за автомобилот кој ги одбележа осумдесетите години на минатиот век. Ова е приказната за легендарното „Југо“ кое го имаше скоро секоја куќа.

 

 

Можеби делува логично дека „Југо“ името го добил по Југославија, но всушност е наречен по истоимениот ветер.

„Југо“ е дизајниран од инжинерите на „Фиат“ и „Застава“ во 1978 година во дизајнерскиот центар на „Фиат“ во Торино.  Правен е најмногу по примерот на „фиат 127“, кој во 1972 година е прогласен за автомобил на Европа. Меѓутоа, „Југо“ имал нешто пократок меѓуосовински дел и целосно нов надворешен дизајн.

Сериското производство започнало во петок на 28 ноември 1980 година. Датумот е избран за да првиот примерок биде готов веќе утредента на 29 ноември, на тогашниот Ден на републиката.

Loading...

За да се појави на патиштата во САД на „Југо“ му биле извршени 500 преправки во однос на оргиналната верзија на овој автомобил.

Одредени американски политичари се противеле за увозот на автомобили од комунистичка Југославија тврдејќи дека поради ниската цена се работи за дампинг.

Еден од менаџерите на „Застава“ Тома Савиќ рекол дека два прототипа на „Југо“ биле подарени на Јосип Броз Тито, но не е познато што направил со нив. Тито претходно една „застава 101“ подарил на Леонид Брежњев.

Првиот „Југо 55 ГВ“ за извоз во САД е произведен на 9 септември 1985 година. Автомобилот се нашол помеѓу 50 најлоши автомобили на сите времиња на листата објавена во неделникот „Тајмс“.