Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина во август

Сподели со своите пријатели

Индискиот премиер Нарендра Моди во август ќе отпатува за Киев, што ќе биде негова прва посета на земјата од почетокот на руско-украинската војна во 2022 година.

Моди најверојатно ќе ја посети Украина на 23 август, изјавија повеќе извори во дипломатските кругови во Њу Делхи, пренесува индискиот ТВ канал WION.

Претходно оваа година, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Моди по телефон и го покани индискиот премиер да ја посети Украина.

Во јуни во Италија, на маргините на самитот на Г7, Моди разговараше со Зеленски за актуелната ситуација во Украина и укажа на важноста на дијалогот и дипломатијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Индискиот премиер повтори дека Индија ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ за да поддржи мирно решение.

Моди на 8 јули се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, пренесува Танјуг.