Индија донесе закон кој предвидува 33 отсто од пратеничките места за жени

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Индија усвои значаен нацрт-закон со кој 33 отсто од местата во долниот дом и во државните парламенти се резервирани за жените, за да се обезбеди поголема еднаква застапеност.

Loading...

Со ова заврши 27-годишниот ќор-сокак околу усвојувањето на законот, поради недостаток на консензус меѓу политичките партии, иако тој нема да се спроведе на националните избори следната година, пренесува АП.

Законот ќе стапи на сила од националните избори во 2029 година по новиот попис и усогласувањето на избирачките списоци, објави министерот за финансии Нирмала Ситараман за време на дебатата во Горниот дом на индискиот парламент во четвртокот вечерта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Долниот дом на парламентот го усвои нацрт-законот во средата со 454-2 гласови, а Горниот дом го усвои едногласно, 214-0, во четвртокот, според АП.

Пописот на населението во Индија, кој се организира еднаш на 10 години, требаше да се одржи во 2021 година, но беше одложен поради пандемијата на Ковид-19.

Според валидни податоци, жените сочинуваат повеќе од 48 отсто од над 1,4 милијарди жители на Индија, но имаат 15,1 отсто застапеност во парламентот, во споредба со меѓународниот просек од 24 отсто, соопштија индиските власти, пренесува Танјуг.

Во индиските државни парламенти жените се претставени со 10 отсто од местата, според АП.