Индиец собори светски рекорд во кршење орев со глава и стана хит на Твитер

Сподели со своите пријатели

Индиецот Навин Кумар го собори Гинисовиот рекорд за кршење на орев со глава.

Loading...

Тој за една минута успеа да скрши дури 273 ореви, со што го надмина досегашниот рекорд од 254 ореви што го држеше неговиот најголем ривал Мухамед Рашид, со кој со години се натпреварува во оваа вештина.

27-годишниот Индиец е мајстор за боречки вештини, а видеото на кое крши ореви со глава стана хит на Твитер.

 

 

„Тврд орев“

Следеа бројни коментари, а не недостигаа и смешни.

Loading...

„Покажи ми го неговото чело“, се пошегувал еден твитерџија, додека друг коментирал: „Целосно бизарно и болно“.