Со претставата „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово продолжува програмата на фестивалот Денови на комедија.
Станува збор за претстава во режија на Синиша Евтимов, а во која играат: Валентин Костадиновски – Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски.
Ова е петта претстава на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Никола Ивановски