ИДФ: Ракета истрелана од Јемен веројатно успешно пресретната од воздушната одбрана

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека балистичка ракета истрелана од Јемен кон северен Израел најверојатно била успешно пресретната од воздушната одбрана.

Loading...

Нападот активирал сирени за воздушен напад во Хаифа и други делови на северен Израел, додека системите за противвоздушна одбрана веднаш реагирале, пишува The Times of Israel.

ИДФ соопшти дека ракетата најверојатно била неутрализирана пред да предизвика штета.

Службите за итни случаи на Magen David Adom (MDA) соопштија дека нема директни повреди од ракетниот напад или неговите делови.

Сепак, неколку лица се повредени додека бегале во засолништа и добиле лекарска помош.

Надлежните ја следат ситуацијата, а во тек е дополнителна проверка на потенцијални штети или последици од нападот.

Портпаролот на бунтовничката група Хути Јахја Сари рече дека групата истрелала балистичка ракета на израелскиот аеродром Бен Гурион во Тел Авив на 18 април.

Тој додаде дека групата соборила и американско беспилотно летало кое вршело „непријателски акции“ околу областа Сана, јави Ал Џезира, пренесува Танјуг.

Loading...