Овој рецепт за пржена полнета погача, може да ви послужи како идеја за појадок утрово.
Состојки:
200 мл млеко
1 јајце
малку масло
1 лажичка шеќер
малку сол
450-500 гр брашно
15 гр квасец
Подготовка:
Скршете го квасецот во млеко, додајте шеќер, а кога ќе се насобере, додадете јајце, масло, брашно и измешајте помеко тесто. Оставете да одмори 30 мин.
Потоа поделете го на 4 дела, измешајте ги малку и покријте ги да се одморат. Секоја топка развијте ја во големина од 20 см. Наполнете со сирење на кое сте додале 1 жолчка и малку магдонос. Одмотајте го вториот капак на топката над првиот и добро притиснете ги рабовите.
Оставете ги питите да одморат 15 мин. покриени и пржете ги на масло. Извадете го на впивлива салфетка…има фантастичен вкус…
Пријатно!