08.02.2018 08:03

И утре повеќе локации во Куманово без струја


Во текот на утрешниот ден во период од 08:00 до 15:15 часот поради планирани прекини во дистрибутивниот систем, без електрична енергија ке бидат дел од улиците „Тоде Думба“, „Лесковачка“, „Никшичка“, „Вараждинска“, „Б.Б.Гуцман“, „3-та МУБ“, „Васко Карангеловски“, дел од „6-ти Апрал“ и „Горче Петров“, додека во период од 11,00-15,00 часот прекини ќе има дел од улица „425“ во Ајучка Чешма информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на денешниот де во период од 08:00 до 15:00 часот планирани прекини во дистрибутивниот систем без електрична енергија ќе ги остават жителите на дел од улиците:  „Тоде Думба“, „Народна Ревулуција“, „Бајрам Шабани“, „Титова Митровичка“, „Лесковачка“, „Никшичка“,„Билјановска“ и „Стојан Арсов“.

Поради дефект, прекини вчера имало на местата Базал, Елезов Камен, БејтовиНиви-делот кај Маркет
Туш, Тромеѓа, Брадиновци, Балмарци, Ајдучка Чешма, Пуковско, Перо Чичо, Черкезе, Умин дол, Љубодраг, Ропајце, Липково, Опае, Лукаре и Гошинце.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments