Хорор во Мајами: Еден убиен, двајца ранети во престрелка во ноќен клуб

Сподели со своите пријатели

Еден маж е убиен, а две жени се ранети во пукотница денеска во клуб во Мајами Бич, соопшти полицијата во Мајами.

Loading...

Во соопштението се наведува дека полициската екипа пронашла три лица со очигледни прострелни рани, по што биле пренесени во траума центар во Мајами.

Потрагата по напаѓачот сѐ уште трае, а АП додава дека тој сѐ уште не е идентификуван, а не е откриен ниту мотивот за пукањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус