Холандија ќе ја прогласи некрофилијата казнива со закон

Сподели со своите пријатели

Холандија ќе ја прогласи некрофилијата (сексуални дејствија со починато лице) за казнива со закон, најавија министрите за правда и безбедност Дилан Јешилгоз и министерот за внатрешни работи Ханке Бруинс Слат.

Loading...

Тие во писмо до парламентот наведоа дека забраната вклучува правење сексуални слики на мртво тело и фотографирање со него.

Сметаме дека треба да се испрати јасен сигнал дека ваквото однесување, како и другите многу радикални облици на (физичко) сквернавење на труп, не се прифатени во нашето општество, посочи Јешилгоз и додаде дека тоа може да предизвика големо страдање на преживеаните роднини, пренесува „NL Times“.

Телото има посебен правен статус

Таа рече дека мртвото тело има посебен правен статус кој не е целосно заштитен со холандскиот закон и дека правните системи на другите земји нудат поголема заштита од такви злосторства.

Како што додаде таа, правните системи на Велика Британија, Белгија, Франција, Германија, Шведска и САД главно веќе го криминализирале сексуалното однесување со леш.

Таа предупреди дека досегашниот начин на казнување на некрофилијата врз основа на член 350, кој прецизира дека уништувањето или оштетувањето на предмет е казниво, не е соодветен за страдањето на роднините на починатите или за почитта што ја заслужува починатиот.

Министрите ќе го адаптираат законот

Затоа министрите ќе го адаптираат законот за некрофилијата сама по себе да стане кривично дело.

– Ова се однесува на секое сексуално однесување, не само на сексуалната пенетрација – објаснува Јешилгоз.

Loading...

Законот ќе ја регулира и кривичната одговорност за производство или поседување сексуални слики кои вклучуваат мртви тела.

– Правењето слики од сексуалната природа на телото на починатиот може да предизвика сериозна вознемиреност кај нивните роднини, а сликите може да се доживеат како шокантни и навредливи. Ова може да му наштети и на човечкото достоинство на починатиот – додаде министерот.

Во јануари, мнозинството пратеници на долниот дом на холандскиот парламент побараа од министерот да ги забрани актите на некрофилија.

Истражувачите од Центарот за научно истражување и документација (VODC) проучувале неколку различни форми на сквернавење на телото, вклучително и секс со труп, купување или продавање труп, фотографирање на трупот вклучувајќи отпечатоци од прсти и слично.

Тие препорачаа криминализирање на намерното сквернавење на трупови и ексхумирање тела без дозвола за донирање тела за профит, како и воведување на повеќе процедури за лиценцирање за организациите кои сакаат да вклучат трупови како дел од изложба или презентација.

Важно е да се напомене дека студијата покажала дека, според достапните податоци, бројот на инциденти за сите криминални однесувања на годишно ниво е ограничен, рече Јешилгоз, истакнувајќи дека во Холандија нема многу познати случаи на некрофилија.