Станува збор за корисници на популарен сајт наменет за оние сопружници кои не се верни во бракот па бараат вонбрачна авантура, а дел од нив се од државниот и военит врв во светот.
Анонимните хакери денес ја објавија листата од 37 милиони неверни сопружници кои барале партнери за пељуба на популарниот интернет портал Ashley Madison.
Овој портал е наменет прес се за пронаоѓање на партнери за вонбрачни авантури и затоа од учесниците се бара дискретност. Меѓутоа, денес хакерите кои се представуваат како Impact Team на интернет објавија податоци за години, височин, тежина, сексуални фантазии, голи фотографии и сите останати пикантерии.
Минатиот месе хакерите објавија дека поседуваат ваквов тип на информации, а денес на една од страниците на која се пристапува со помошт на посебни софтвери, оставени се 9,7 гигабајти фајл со e-mail адреси, лозинки и банкарски трансакции на корисниците на популарниот сајт.
Тие податоци се на угледни банкари, водачи на држави, службеници во ООН, нои свештеници од Ватикат. Дури 15.000 адреси завршуваат со .mil или .gov, што значи дека се на воени и владини сервери.
Автентичноста на податоците сеуште не е потврдена, но секако луѓето веќе ги прегледуваат податоците и бараат познати имиња. Наводно веќе се пронајдени неколку англиски политичати, меѓу кои и името на Тони Блер, пишува порталот Wired.
Хакерите велат дека овие грешници не заслужуваат анонимност затоа што се измамници. Исто така најавија дека следната мета се корисниците на CougarLife, наменет за жени во зрели години во потрага по млади момчиња.