Гувернер на руски регион: Украинците пукаат во нашите станбени згради, има жртви

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на руската област Брјанск објави дека украинските сили отвориле оган врз станбени згради во тој регион.

Тоа е регион кој се граничи со северот на Украина, недалеку од градот Чернихив.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

„Денеска украинските сили отворија оган врз селото Климово. Две станбени згради се оштетени од гранати, има жртви меѓу жителите“, напиша гувернерот Александар Богомаз на својот канал „Телеграм“.

Претходно руските власти објавија дека е гранатирана станица на руската гранична полиција. Во нападот биле оштетени неколку возила, тврдат Русите.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Руски извори споделуваат снимки од наводниот напад

Руски извори споделуваат на социјалните мрежи видео од наводниот напад на селото Климово во руската област Брјанск.

Сѐ уште нема независна потврда за нападот, ниту за автентичноста на снимката.

Истите извори тврдат дека во гранатирањето на Климов се повредени седум лица.