Груевски: Заев не сака ни договор, ни избори (видео)

Сподели со своите пријатели
По вчерашните 12 – часовни маратонски разговори во Брисел на кои четворицата македонски партиски лидери не се согласија за начините за крај на политичката криза во земјата, премиерот Никола Груевски во изјава за новинарите го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека не сакал да се постигне договор.
– Господинот Заев дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори. Заев бега од тоа бидејќи знае дека ќе доживее тешко фијаско. Тој не сака да се постигне договор и да има избори, истакна Груевски.
Инаку, тимот на СДСМ кој вчера беше на преговори во Брисел (Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Рената Тренеска Дескоска) попладнево се враќаат во Скопје со редовен лет, преку Љубљана, откако доцна синоќа пропаднаа преговорите со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.