Гроси: Нема напредок во договорот со Иран

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека нема напредок во спроведувањето на договорот за заштитни мерки со Иран.

Loading...

За време на состанокот на Бордот на гувернери на МААЕ во Виена, Гроси рече дека верификацијата и мониторингот на агенцијата на нуклеарниот договор од 2015 година, наречен Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), биле ограничени со одлуката на Иран во февруари 2021 година да ги суспендира своите обврски според нуклеарниот договор.

Гроси рече дека безбедносните прашања мора да се решат за да може МААЕ да ја гарантира мирољубивата природа на иранската нуклеарна програма.

Иран во неколку фази ги намалува своите обврски од JCPOA, откако САД еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година и повторно воведоа санкции кон земјата, пренесува ИРНА.

Во март, Гроси одржа разговори во Техеран со ирански претставници, вклучително и со претседателот Ебрахим Раиси, а во заедничката изјава двете страни се согласија дека интеракциите ќе продолжат во духот на соработката и во согласност со обврските од Договорот за сеопфатни заштитни мерки.

Прашањата за заштитните мерки за иранската нуклеарна програма беа покренати пред четири години кога МААЕ отвори нов случај против земјата врз основа на тврдењата на израелските власти дека се откриени траги од ураниум на четири непријавени локации во Иран.

Овие наводи првично беа изнесени од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а подоцна ги повторија западните медиуми и официјални лица, додека Иран ги отфрли.