Грчките земјоделци со конвој трактори се упатија кон Атина

Сподели со своите пријатели

Земјоделците во конвој од околу 200 трактори денеска тргнаа кон Атина за да побараат владина акција против поскапувањето.

Loading...

На демонстрациите се очекува да дојдат илјадници луѓе со автобуси.

Грчките земјоделци ги блокираа патиштата во претходните недели со барања слични на оние на земјоделците низ ЕУ.

Конвојот тргна од градот Кастро кон Атина, а трактористите свиреа со сирени и закачуваа грчки знамиња и транспаренти на тракторите.

Премиерот Киријакос Мицотакис синоќа во гостување на една телевизија изјави дека не може да поддржи дополнителни даночни олеснувања и отстапки, но дека владата сака да продолжи со разговорите со демонстрантите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Владата ја повлече својата закана дека ќе го блокира протестот, а полицијата помага да се избегнат прекини во сообраќајот на автопатот кон Атина.