Градоначалникот удрен од електричен велосипед, па ги забрани во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на италијанскиот Комо, Алесандро Рапинезе, го забрани возењето велосипед низ историскиот центар на градот откако во јуни бил удрен од електричен велосипед, одлука што предизвика протести од граѓаните и обвинувања дека го претвора личното искуство во забрана.

Мерката ќе стапи на сила во септември и ќе опфати околу 30 улици во историскиот центар на ова популарно туристичко место на брегот на езерото Комо, пишува Гардијан.

Рапинизе ја донел одлуката по инцидентот во јуни, кога бил удрен од електричен велосипед додека излегувал од Градското собрание.

Неговата градска администрација токму тој ден дискутирала за ограничување на сообраќајот во центарот. Идентитетот на лицето што го удрило не е објавен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убавица осудена на смрт: Ги труела мажите со кои излегувала на состаноци, обожавателите бараат помилување

Градоначалникот не негира дека личното искуство влијаело на одлуката.

Како што објасни, историскиот центар на Комо за време на туристичката сезона е полн со пешаци, а италијанските прописи за патен сообраќај не дозволуваат забраната да се однесува само на електрични велосипеди, поради што ги вклучува и традиционалните.

Сепак, одлуката предизвика остри критики од жителите, опозициските политичари и активистите. Покрената е петиција со која се бара нејзино повлекување, додека група велосипедисти планира протестно возење низ улиците погодени од забраната кон средината на септември.