Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски заедно со координаторот на советничката група на ДУИ во Советот на Општина Ридван Асани, денеска ја посетија Општина Тетово.
Loading...
При денешната посета, делегацијата од Куманово оствари средба со Градоначалникот на Општината Теута Арифи на која и изразија жалење за ситуацијата во која се најде Тетово поради поплавите што се случија во изминатите денови.
Двајцата градоначалници заедно ги посетија поплавените краеви и разговараа со жителите.
Инаку Општина Куманово на вонредна седница што се одржа во среда, одвои 500.000 денари од својот буџет за санација и поддршка на општетените домови и инфраструктурата.
Loading...