Машко лице со тешки телесни повреди вчера завршило на скопските клиники, откако паднало од куќа во изградба на улицата „Денко Драганов“ во Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во 12:50 часот екипа на Итна медицинска помош интервенирала на терен по што било констатирано дека кумановецот има тешки повреди, па итно е префрлен на понатамошно лекување во Скопје.