Готвачот Салт Бае со новогодишната честитка: Следбениците го исмеваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нусрет Гокче, кој е попознат како Салт Бае, турски месар и готвач, повторно ја шокираше целата светска јавност со нова објава на Инстаграм каде го следат речиси 50 милиони луѓе.

Loading...

Салт Бае објави видео на оваа социјална мрежа, а многумина во коментарите истакнаа дека првпат го слушаат како зборува.

„Здраво на сите. Многу сум горд на себе затоа што успеавме. Најдобра ни беше 2022 година. Се надевам дека 2023 ќе биде и нашата најдобра година. На сите им посакувам се најдобро. Среќна Нова година. Многу сум среќен за сите вас. Добредојдовте во 2023 година. Подготвени сме, ве чекаме“, рече Солт Бае.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова беа најпопуларните имиња за бебиња во 2023 година

Многумина во коментарите истакнаа дека Турчинот лошо зборува англиски.

Коментарите се смешни…

„По овој говор сите ја напуштија земјата“, „Сега разбирам зошто никогаш не зборува“, „Ова е како да го слушам Мистер Бин како првпат зборува“, „Шокиран сум колку лошо зборува англиски“, ова се само некои од коментарите под честитките на Нусрет.

Се проценува дека неговото богатство сега е околу 51 милион евра.

Во светот има повеќе од 15 ресторани, меѓу кои Дубаи, Мајами, Лондон…

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)