„Готвачот на Путин“ за регрутирањето затвореници: „Или ќе се борат тие или вашите деца“

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин, близок соработник на Владимир Путин и водач на таканаречената група Вагнер, вчера предизвика голем гнев во јавноста, кога се појави видео на кое се гледа како тој ги повикува затворениците да се борат во Украина, ветувајќи им слобода по шест месеци служба.

Loading...

– Ако отслужиш шест месеци, слободен си. Ако дојдете во Украина и одлучите дека тоа не е за вас, самите ќе ве погубиме – напиша Трофимов на Твитер, преведувајќи ги зборовите на Пригожин.

Снимката, чија автентичност Телеграф не можеше да ја потврди, се чини дека ги потврдува претходните извештаи на Волстрит журнал дека Пригожин, олигарх и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, регрутира затвореници за да учествуваат во борбите во источниот украински регион Донбас.

Понудата на Пригожин до руските затвореници содржела неколку услови

– Првиот грев е дезертерството. Никој не се повлекува, никој не се предава, никој не смее да биде заробен. За време на тренингот ќе ви кажеме за двете бомби кои мора да ги имате со себе доколку ве фатат – вели тој.

Доколку се согласат да одат во војна, според Пригожин, затворениците не смеат да земаат дрога, да консумираат алкохол и да се воздржуваат од грабеж и сексуален контакт со жени, растенија, животни и други мажи.

„Готвачот на Путин“ тврди дека Вагнер прифаќа апликации од мажи на возраст од 22 до 50 години, но ги прифаќа помладите се додека имаат писмо за согласност од семејството.

 

Loading...

 

– И зависниците се добредојдени, но ќе бидат подложени на дополнителен мониторинг кој вклучува детектор за лаги за да се утврди нивната стабилност – вели Пригожин.

Тој додава дека можат да се пријават и сексуални престапници.

– Многу сме внимателни околу нив, но разбираме дека луѓето грешат – вели Пригожин.

Пригожин: Ќе се борат или затворениците или вашите деца

Откако се појави ова видео, тој се огласи и им порача на сите критичари дека ако не сакаат затворениците да се борат, тоа ќе мора да го направат нивните деца, пишува Би-Би-Си.

Групата Вагнер е руска приватна паравоена организација.

Се верува дека групата Вагнер е блиска до рускиот претседател Владимир Путин, додека руската влада тврди дека Вагнер групата не постои законски бидејќи приватните војски се забранети во Русија.

Припадниците на оваа група учествувале во конфликти ширум светот, вклучително и во Украина, Сирија и неколку африкански земји.

Loading...

Дури и самиот Путин во неколку наврати нагласи дека нема никаква врска со оваа организација.