Голема бура ја погоди Британија. Торнадо во Манчестер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици домови се оштетени откако, како што пишува Би-Би-Си, локализирано торнадо мина низ дел од Манчестер.

Loading...

Полицијата прогласи голем инцидент по торнадото поради сериозноста на штетата и потенцијалниот ризик за јавната безбедност.

 

 

Торнадото ги откорна покривите од куќите, урна дрвја и ѕидови.

Полицијата соопшти дека нема извештаи за повредени.

„Овој инцидент несомнено погоди многу луѓе, при што многу жители беа раселени од нивните имоти преку ноќ. Наш најголем приоритет е да ги заштитиме луѓето, поради што ги советуваме раселените да не се враќаат или да не влегуваат во нивните домови кои се значително оштетени додека не бидат проценети од градежни инженери“, рече началникот на противпожарната служба.

Loading...

 

 

Илјадници без струја

Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја.

Како што пишува Sky News, околу 14.000 домаќинства утринава се уште се без струја.

„Условите на терен се лоши, силниот ветер ни ја отежнува работата, некои би можеле да останат без струја 48 часа“, велат од локалното електростопанство.

 

Loading...