Голем мурал на Гоце Делчев ќе ја краси кумановската Гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во тек е изработка на уникатен мурал на зградата на средното општинско училиште гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.

Loading...

 

 

„Денеска во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се изработува мурал на нашата гордост, истакнатиот македонски револуционер и великан Гоце Делчев. Гоце е синонимот на македонската борба и еден од најголемите македонски преродбеници. Среќен сум што и преку едни вакви креативни идеи ги запознаваме и едуцираме децата и младите за македонската историја и за личностите кои се темелот на нашата државност“, вели Димитриевски.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

Loading...

Инаку станува збор за проект поддржан од Општина Куманово со 120.000 денари преку програмата за културни манифестации.

 

Никола Ивановски