Општинскиот сојуз на спортови Куманово, со програмата за одбележување на 11-ти Ноември, денот на ослободување на градот ќе реализира повеќе спортски манифестации.
Првата од низата натпревари ќе се одржи веќе утре, а станува збор за полуфинале во турнирот во футсал. Настанот ќе се одржи во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток од 12 часот, а борбата ќе биде за наградата „Пехар на градоначалник 2015“ во која ќе учествуваат футсал екипи од сите средни училишта во градот.
Веќе во петок, односно на 6-ти ноември ќе се одржи финалниот меч од футсал турнирот со почеток од 18 часот, со подршка на Општинскиот сојуз на спортови и Општинскиот сојуза на училишен спорт Куманово.
Во сабота, на 7-ми мај ќе се одржи Меѓународен традиционален турнир во пинг-понг „Куманово 2015“, кој ќе започне во 10 часот во спортската сала на гимназијата „Гоце Делчев“. Организатор на манифестацијата е Пинг Понг клубот „Куманово“ и ОССК.
На 8-ми ноември, односно недела ќе се одржи турнир во одбојка за жени „Куманово 2015“ со почеток од 10 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“. На турнирот свое учество ќе земат екипите на ОК „Куманово“, „Работнички“ – Скопје, „Виола Волеј“, како и „Бами Кор“ од Тетово.