Годишната стапка на инфлација во Унгарија во јуни падна на 3,7 отсто

Сподели со своите пријатели

Во јуни годишната стапка на инфлација во Унгарија се намали од четири отсто во мај на 3,7 отсто, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија (КСХ).

Според извештаите, цените на струјата, гасот и другите горива во Унгарија во јуни паднале за 2,7 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од мајскиот годишен пад од 2,4 отсто.

Во исто време, цените на облеката и обувките во Унгарија во јуни пораснаа за 4,1 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од мајските 4,7 отсто.

Наспроти тоа, цените на храната пораснале за 1,1 отсто на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот поскапеле за 4,2 отсто, услугите за 9,7 отсто, а во сите наведени случаи растот на цените бил побрз од мај, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија во јуни незначително се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто, според KSH.

На месечна основа, цените во Унгарија стагнираа во однос на мај.