Изборите во САД, на половина пат од претседателскиот мандат на Џозеф Бајден, се на пат да станат најскапите среднорочни избори во американската историја, со 16,7 милијарди долари потрошени и на државно и на федерално ниво, покажуваат податоците на двопартиската организација „Отворени тајни“.
Политичката трка во 2022 година е речиси двојно поскапа од среднорочните избори во 2010 година и повеќе од двојно од среднорочните избори во 2014 година.
Сојузните кандидати потрошиле околу 8,9 милијарди долари, додека државните кандидати, партиските комитети и различни изборни комисии потрошиле 7,8 милијарди долари.
Трошоците за овие избори се на работ да се изедначат со бруто-производот на Монголија за 2022 година, јави репортерот на АП Танјуг.