Го изневерувала жената, па решил да се разведе по скоро 80 години брак

Сподели со своите пријатели

По 77 години минати во брак, тешко дека човекот нешто може да го изненади. Еден Италијанец, кој пронашил тајни писма на својата сопруга, по се судејќи бил шокиран и многу изненаден.

Loading...

Кога нејзиниот сопруг ги пронашол писмата, баба Роза (96) признала дека пред 60 години имала афера. Таа тогаш очајнички го молела мажот да остане со неа.

Антонио не сакал да слушне. Ја одбил и поднел барање за развод на бракот, и покрај тоа што скоро осум децении минале заедно. Имаат пет деца, 12 внучиња и едно правнуче.

Љубовните писма, Антониот ги пронашол во стариот креденец со фиоки, и тоа години пред одлуката за развод. По откривањето, нивниот брак кренал на лоши и сопружниците се повеќе се одалечувале.

Антонио дури се иселил од заедничката куќа и заминал да живее кај еден од своите синови, но се вратил дома неколку недели подоцна. Сепак, години потоа, сфатил дека не може да биде во брак со жена која го изневерила и поднел барање за развод.

Антониот е роден во Олбија на Сардинија, а Роза во Наполи. Се запознале во 1930 годин, кога Антонио работел во Наполи. Во моментот на разводот живееле во Рим.

Loading...

Leave a Reply