Ѓорѓиевска: Моментално се запишани над 635 деца повеќе од капацитеот на градинката (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска на денешната прес конференција одговори на вчерашните обвинувања на директорката на Детската градинка „Ангел Шајче“ Марина Алексоввска.

Loading...

Алексовска вчера рече дека Советот не одобрил зголемување на капацитетите за згрижување во градинката со што нови уписи есенва нема да има.

Според Ѓорѓиевска, барањето било да се овозможи зголемување на бројот на упис, иако веќе се запишани 635 деца повеќе од проектираниот капацитет.

Прес конференцијата на Ѓорѓиевска и мнозинството во Советот на Општина Куманово ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:

 

 

„Како Претседател на Совет на Oпштина Куманово изберена од мнозинството на Советот,  чувствувам обврска  на овој прес свикан од мнозинството да ги соочам фактите изнесени од страна на советничката група на СДСМ и коалицијата и Директорката на Јавната општинска установа ,,Ангел Шајче’’, Марина Алексовска.

Loading...

На 26 седница на Совет на општина Куманово трите  точки предложени од страна на Директорката не беа изгласани од страна на мнозинството.

Измените и усогласувањето на Статут со Закон, кои беа побарани од нас се одлуки кои секогаш едногласно се гласани од советниците, но не во услови кога се водат постапки пред надлежните ограни.

Директорката 8 години чекала да го усогласи Статутот и Законот, а сега кога е во прашање нејзиниот нестатутарен избор, експресно ги поднесува измените до Советот.

Советниците на мнозинствотo не ја гледат ургентноста за донесување на ваквата одлука и ќе ја чекаме рaзрешница од споровите кои се водат пред надлежните органи, се со цел да не посветиме на правилно донесената одлука.

Мнозинството од Советот на Општина Куманово никако не е против зголемување на бројот на деца во воспитните групи, затоа што такви одлуки се носеле низа години наназад. Мнозинството  е против барањето на Директорката за зголемување на број на децата според проширените капацитети, а кои важеа исклучително во ковид кризата и со допис од МТСП се укинати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Да се потсетиме тогаш се бараше поголем простор за ист број на деца во групите поради можноста од ширење зараза. Сега тоа би значело сместување на  деца во вон-стандардни услови, односно во импровизирани простории, преградени занимални, ходници и трпезарии и користење на заеднички тоалети од страна на различни возрасни групи. Реалниот капацитет на градинката е 1174 деца.

Со импровизирани простории (преградени занимални, холови, трпезарии) за време на ковид кризата капацитетите  се проширени на 1550 деца.

Моментално запишани деца се 1809, што значи 635 деца, односно над 50%  од капацитетот согласно пропишаниот норматив. Директорката бара од советниците да дозволат запишување на уште повеќе деца во сите групи, вклучувајќи ги и групите во импровизираните простории.

Loading...

Тоа во превод значи дека воспитно образовниот процес, исхраната, престојот, одморот ќе биде во една иста просторија, па иако истата порано била трпезарија и не соодвејствува на пропишаните нормативи.

Тоа значи дека различни групи на деца ќе користат ист тоалет. Тоа значи дека е можно да се повтори случајот со салмонела, за кој нема се уште никаква разврска. ниту пак поради заштита на колективното здравје на децата се бараат почести контроли и брисеви. Сите овие показатели значат нарушување на воспитно-образовниот процес, нарушување на здравјето на учениците и најважно нееднаков третман на сите запишани деца.

Побаравме од Директорката како советници да направиме група која ќе ги посети клоновите во Градинката, до сега немаме добиено одговор или покана, туку само напаѓања во јавноста, што укажува на голема затвореност на институцијата и некооперативност на Директорката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

Од друга страна согласно тврдењата на директорката и доставените табеларни прегледи од кои се гледа дека од 40% до 70% од запишаните деца отсуствуваат од престој во градинката, се поставува прашањето дали директорката овозможува држење/ осигурување на места во градинката по свое лично убедување или по партиски клуч додека децата на обичниот граѓанин се на листа на чекање. Зошто во 20 годишниот мандат на директорката, не е надминат овој проблем, кој има решение.

Во потпишаниот договор со родителите стои дека после 3 неплатени сметки, еднострано се раскинува договорот, по што родителите се влечат по судови, се докажуваат и плаќаат уште поголема сума која влегува во буџет на градинката.

Овој договор покажува дека само парите се важни за раководството, а не и опфатеност на поголем број на деца.

На седницата имаше предлози од советниците, кои сигурно не ги земала директорката како добронамерни, а треба да се размислат и Управниот одбор да донесе одлука доколку децата  неоправдано отсуствуваат повеќе од 1 месец и не ги користат услугите, а на родителите не им е проблем да  плаќаат, нивните места да бидат службено отстапени на деца на кои услугата им е реално потребна и се на листа на чекање?

На тој начин капацитетите ќе се исполнат, поголем број реални ученици ќе бидат згрижени, ќе го следат воспитно-образовниот процес и ќе се оствари улогата на оваа институција која треба да биде достапна за сите, не само за лични и партиски врски.

Loading...

Бидејќи никој нема увид во финансиско работење  на Градинката прашање е на кој начин се користат средствата кои што се плаќаат од страна на родителите на децата, а коишто во голем број отсуствуваат од детската градинка и не се реален трошок?

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Дали се точни тврдењата на родителите дека им се бараат дополнителни средства и за  хигиена?

Дали во детската градинка се почитува колективниот договор и дали додатоците за вработените се исплаќаат согласно истиот?

Зошто за спроведување на јавните набавки е ангажирано надворешно пензионирано лице по основ на договор на дело, а кое е долгогодишен соработник на Директорката и дали истото лице е незаменливо со постоечкиот кадар во детската градинка?

Што преземала Директорката 20 години за проширување на капацитетите за сместување на децата. Два пати е изберена од страна на ресорниот министер за директор на институцијата.

Зошто до сега не е побарано од министерството да се адаптираат просториите на поранешниот  Пионерски дом, на Касарната во населба Карпош, бидејќи капиталните инвестиции се под директна надлежност на ресорното министерство.

Loading...

Несоработката со локалните институции, па и со советниците доведува проблемите талoжени со години во детската градинка да не се решаваат систематски, туку да се користат во дневна политика на грбот на децата и родителите.

Директорке време е да се ставите во функција на родителите и децата, а не во функција на партијата, а ние како советници сме на располагање за соработка.

Време е сите објекти кои се под МТСП да се стават во служба на децата и родителите, време е да се зафатите за вистинска менаџерска работа или да отстапите место на помлад кадар кои ќе има идеја и енергија да ги спроведе овие големи зафати во интерес на Градот, децата, родителите“, рече Ѓорѓиевска.