Четириесетгодишник од Индијата ги тужи своите родители затоа што му ја флиле целата колекција порнографија чија вредност, според неговите зборови, изнесувала над 29.000 долари.
Минатата недела во сојузниот суд во Мичиген, каде што му живеат родители, поднел тужба против нив.
Кај родителите се вселиле во 2016 година откако се развел од сопругата. Кај нив живеел десет месеци а потоа се отселил во нов дом во Индијана.
Во меѓувреме ги замолил да му ги чуваат работите, меѓу кои имало 12 кутии со порнографски списанија и филмови.
Родители признале дека ги фрлиле кутиите со порнографска содржина во кои можеле да се најдат наслови како „Frisky Business“ и „Big Bad Grannys“.
Во тужбата која оштетениот син ја поднел е и мејл од неговиот татко кој му напишал: „Ги направив голема услуга кога се решив од тие работи. Верувал или не, една од причините поради која ја уништив твојата порнографија е твојата добрина, односно твоето ментално и емоционално здравје. Би го направил тоа и да пронајдов килограм кокаин. Се надевам дека еден ден ќе разбереш“.
Мажит бара финансиска отштета во тројна вредност од вредноста на изгубената содржина, што изнесува 87.000 долари.