Германија: Пукање во фабриката на Мерцедес, едно лице загина, напаѓачот уапсен

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а друго е повредено во пукање во фабрика на Мерцедес Бенц во јужна Германија.

Loading...

Спасувачите се на местото на настанот во фабриката 56 во Синделфинген, која ја склопува класата S.

Според извештајот на германскиот весник кој се повикува на полицијата, осомничениот бил приведен по пукањето во фабриката.

Се додава дека позадината на пукањето сè уште е нејасна.

Полицијата претходно на Твитер потврди дека е во тек операција во фабриката, но не спомна жртви.

Од Мерцедес потврдија дека имало инцидент во фабриката и дека е во контакт со надлежните, без да дадат детали.