(ГАЛЕРИЈА) Најмалите се запознаа со опремата на кумановската полиција

Сподели со своите пријатели

Штанд на неколку полициски единици во рамките на Министерството за внатрешни работи денеска беше изложен на градскиот плоштад во Куманово каде граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со нивната опрема и работа.

Loading...

 

 

Најголем интерес за изложената опрема покажаа најмалите кои имаа можност и да пробаат дел од панцирите, шлемовите и полицискиот оклоп.

 

 

Loading...

Како што истакна Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово, целта на ваквиот настан е доближување на граѓаните, за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот на полициското работење со заедницата.

 

 

Меѓу другото, Младеновска вели дека ваквите настани придонесуваат за градење на партнерство меѓу граѓаните и полицијата.

– заедничкото работење меѓу полцијата и локалното население е од суштинско значење за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на современите предизвици на локалната заедница, поврзани со криминал, социјални и физички нарушувања, што конкретно придонесува до намалување на криминалитетот во Куманово, каде имаме намалување за околу 25 отсто, вели портпаролот на кумановската полиција.

 

Loading...

 

Како што додава, полицијата има една од најважните улоги во државата и заедницата.

– Го гарантира редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалитетот и води бескомпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, потенцираше Младеновска.

 

 

Инаку настанот е дел од заедничната кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски