Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во средата изјави дека војната на Блискиот Исток влегува во „нова фаза“, по вториот бран експлозии на пејџери и други електронски уреди во Либан, во кои загинаа речиси 20 луѓе, а неколку илјади луѓе беа ранет.
„Во разговор со персоналот на воздухопловните сили во базата Рамат Дејвид, нагласив: Отвораме нова фаза во војната“, рече Галант, а пренесува Политико.
Тој изјави дека „центарот на гравитација“ на операцијата се пренасочува кон северот на Израел, бидејќи сега на тој дел од територијата се акумулираат сили и ресурси, пренесува Танјуг.
Повеќе од 2.000 луѓе низ Либан, вклучително и членови на либанската паравоена група Хезболах и медицински лица, беа повредени во вторникот кога пејџерите користени од членовите на Хезболах за комуникација експлодираа низ целата земја.
Пејџерите кои беа детонирани беа од најновиот модел, а Хезболах ги имаше набавено во последните месеци.