Г20: Ќе продолжиме со напорите за ограничување на порастот на температурата

Сподели со своите пријатели

Светските лидери на самитот на Г20 во Бали се согласија да продолжат со напорите за ограничување на порастот на глобалните температури на 1,5 степени целзиусови, вклучително и забрзување на напорите за постепено укинување на употребата на јаглен.

Loading...

„Решени сме да продолжиме со нашите напори за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусови степени. Ова ќе бара значителни и ефективни активности и посветеност од сите земји“, се вели во соопштението објавено на крајот од самитот.

Декларацијата на лидерите, објавена по самитот на индонезискиот остров Бали, ги повика делегатите на тековниот COP27 во Египет итно да ги засилат напорите на самитот за прилагодување кон климатските промени.

Тој, исто така, ја споменува потребата да се забрзаат напорите за постепено намалување на употребата на енергијата од јаглен, во согласност со националните околности, и согледување на потребата за поддршка на праведните транзиции.