Фукушима: Над 40 луѓе евакуирани со хеликоптери по лавина

Сподели со своите пријатели

Четириесет лица, вклучително и гостите на хотелот, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако снежна лавина блокираше три хотели во планинската област на градот Фукушима, соопштија денеска официјални лица.

Loading...

Лавина се случи на 10 февруари на пат во областа Точиги Онсен, оставајќи три хотели изолирани, објави јапонскиот NHK.

Во моментот на несреќата во зградите се наоѓале вкупно 62 лица. Утрово со хеликоптер се евакуирани 17 гости, заедно со 40 вработени и други.

Никој од евакуираните не е повреден, а по пристигнувањето во градот Фукушима со автобуси биле пренесени до железничката станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Узбекистан осуди 10 лица за обид за убиство на прес секретарот на поранешниот претседател

На лице место остануваат 22 вработени, но тие имаат пристап до струја, вода и гас и во моментов нема барања за дополнителни набавки, соопштија властите.

Властите употребија дрон за да ја проценат ситуацијата на местото на лавината и ќе донесат одлука дали снегот може веднаш да се отстрани од патот.