Фото клуб ”Куманово” го најави отварањето на ”Малински Фото Фестивал” (видео)

Сподели со своите пријатели

Минатогодишниот успех на фестивалот на уметничка фотографија „Малински Фото Фестивал“ кој минатата година беше еден вид пилот проект, сега веќе прерасна во традиционален настан.

Loading...

Фото Клуб Куманово го најавува вториот „Малински Фото Фестивал“ кој ќе се одржи следната недела на 06 јуни (сабота) на пет локации во Куманово.

На овогодинешниот настан, ќе земат учество 200 партиципиенти, меѓународни и домашни реномирани фотографи, како и ученици аматери. Збирката која ќе биде прикажана пред кумановската јавност, содржи над 290 изложбени фотографии во колор и црно –бела техника, распоредени на пет различни локации во градот, односно шест различни изложби и шест фото проекции.

Програмата се состои со две самостојни изложби, една меѓуклупска изложба, една клупска изложба, една изложба на ученици, една изложба на фотографии минијатури и проекции од истакнати домашни и странски фотографи.

Програмата и локациите посетителите можат да ги погледнат и на официјалниот сајт на Малински

Leave a Reply