Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен допатува во Украина за да разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски за кандидатурата на оваа земја за членство во Европската унија.
„Ќе разговарам со претседателот Зеленски за заедничката работа потребна за обнова и напредокот што Украина го постигна на својот европски пат“, рече Лајен во изјавата на Твитер.
На почетокот на овој месец Лајен истакна дека ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон ЕУ, тврдејќи дека нема кратенки за пристап во ЕУ и дека членките на ЕУ мора да инвестираат во обновливи извори на енергија за да не бидат зависни од руските енергетски извори.
🇺🇦 Good to be back in Kyiv.
With President @ZelenskyyUa I will take stock of the joint work needed for reconstruction and of the progress made by Ukraine on its European path.
Європа з вами! pic.twitter.com/JqtXvgamkV
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) June 11, 2022
– Украина може да го нахрани целиот свет. Сакаме Украина да има иднина, изјави Урсула фон дер Лајен.
Според неа, Украинците сакаат слобода и суверенитет и сами да одлучуваат за својата иднина во европското семејство.
Претседателката на ЕК го посети и Киев на почетокот на април, кога најави дека Украина би можела брзо да ги започне пристапните преговори со Европската унија.
Таа потоа му предаде прашалник на украинскиот претседател што ќе ја означи почетната точка за одлуката на ЕУ за членството на Киев.