Државни фирми, јавни претпријатија, национални телевизии, приватни компании и илјадиници граѓани се најдоа на новата црна листа на должници, што ја објави Управата за јавни приходи. Се работи за вкупен долг од 281 милион евра по основа на неплатени даноци, акцизи, царини и придонеси. За еден месец, целокупниот долг кон државата е зголемен за 5 милиони евра .
Најголем должник на државата е претпријатието Ел Азтека Д.О.О. од Скопје која должи вртоглави 18 милиони евра, но во топ 10 најголеми должници е и државно претпријатие и тоа Македонија пат со долг од неверојатни 6 милиони и 800 илјади евра. Ништо подобра не е и МРТ која се наоѓа на 18то место со неисплатен долг кон управата од 111 милиони денари.
Што се однесува до Куманово меѓу најголемите должници на Управата е „Нама“ која должи неверојатни милион и триста илјади евра или во денарска против вредност нешто повеќе од 81 милион денари. Тој се наоѓа на 29то место најголеми должници на УЈП. Веднаш по клубот на листата следува Искра Инжинеринг А.Д. Куманово се наоѓа на 30то место со долг од 70 милиони денари.Трета по ред од кумановските претпријатија е Кик А.Д. Куманово со долг од 35 милиони денари.
Од физички лица пак со најголем долг е кумановецот Јосефски Ѕвонко кој на државата и должи 46 милиони денари или нешто над 754 илјади евра.