Финска ги повика Унгарија и Турција на брзо одобрување за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Финската премиерка Сана Марин во вторникот ги повика Унгарија и Турција брзо да ги одобрат барањата на Шведска и Финска за членство во одбранбената алијанса на НАТО.

Loading...

Унгарија и Турција се единствените две преостанати членки на НАТО кои се уште не ги ратификувале барањата, пренесува Ројтерс.

– Сите погледи сега се насочени кон Унгарија и Турција. Чекаме овие земји да го ратификуваат нашето барање. Мислам дека би било важно тоа да се случи порано отколку подоцна – рече Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски лидери.

Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, претставувајќи обединет фронт пред Турција.

Нордиските соседи поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини двете земји дека засолниле групи што ги смета за терористи.