Филипинскиот претседател уништи автомобили вредни 1,2 милиони евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По наредба на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, на Филипините уништени се над 20 запленети луксузни автомобили, во рамките на стратегијата против криминалот и корупцијата.

Меѓу уништените автомобили се Поршеа, Јагуари, Мерцедеси и Корвети, додека на други локации уништени се уште 10 автомобили.

Како наведува Ројтерс, ова е дел од стратегијата на Дутерте против криминалот и корупцијата, а тој лично го надгледувал уништувањето на автомобилите, некои од нив дури вределе и над 100.000 долари.

– Дајте ги на собирачите на железо. Не можат да имаат такви автомобили, но нешто можат да добијат, од нив направете играчки, реко Дутерте.

Автомобилите се запленети во акцијат ана Бирото за царина, а сопствениците се обвинети за избегнување данок. Минатата година запленети се автомобили во вкупна вредност од над три милиони долари, додека вкупната вредност на запленетиот имот, според официјалните податоци на филипинската влада изнесува над 866 милиони долари.

– Не се исплати да го избегнувате данокот на Филипини, така да би можеле да престанат затоа што тоа никогаш нема да им успее, рекол министерот за финансии Карлос Домингез.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бразилската влада официјално се извини за расната дискриминација

Leave a Reply