Ферус во петок ќе засвири на „Рома труба фест“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фестивалот на дувачки средби „Рома труба фест“ во петок по 17ти пат ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманвоо со почеток во 19:30 часот.

Loading...

Организатор на фестивалот е Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир”.

На фестивалот учество ќе земат познати имиња меѓу кои дувачки оркестри кои зад себе имаат голем број на награди и признанија од оваа област.

Меѓу изведувачите се кралот на ромската музика Ферус Мустафов, Оркестар Бојан Ристиќ од Србија, Оркестар Владимир Ивановиќ од Србија, Оркестар Кеми Асанов од Македонија, Исидор Зечевиќ од Србија, Оркестар Севен масар Кадриев од Белгија, Оркестар Кристијан Азировиќ од Србија, Оркестар Брас бенд од Бугарија и првата труба за млади во Гуча за 2022 година Оркестар Мануел Амеговиќ од Србија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Фестивалот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.

Никола Ивановски